Недела 3-та на Воскресение (Недела на Мироносиците), Освет на нов храм
На 30.04.2023 година, Недела 3-та на Воскресение (Недела на Мироносиците), св. свеш-мч. Кипријан Слепченски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на обновениот храм посветен на “Рождество на Пресвета Богородица ” во с. Небојане, кочанско, а потоа отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа, и го благослови и пресече празничниот леб. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!

