Воскресение Христово – 3 ден Велигден во Радовиш
На 18.04.2023 година, Вторник – Воскресение Христово – 3 ден Велигден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Воскресна Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Св. Троица” во Радовиш. На крајот од Светата Литургија, по благослов на Митрополитот г. Иларион, архиерејскиот намесник на Радовишкото архиерејско намесништво протоереј-ставрофор Марјан Јанковиќ, ја прочита Велигденската посланица од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!

