Воскресение Христово – 2 ден Велигден во Кочани
На 17.04.2023 година, Понеделник – Воскресение Христово – 2 ден Велигден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Воскресна Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Св. вмч. Георгиј” во Кочани. На крајот од Светата Литургија, по благослов на Митрополитот г. Иларион, архиерејскиот намесник на Кочанското архиерејско намесништво протоереј-ставрофор Станчо Ристов, ја прочита Велигденската посланица од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!

