На Цветници во Свети Николе
На 09.04.2023 година, кога Светата Православна Црква го празнува Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион сослужуваше на Света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Јосиф и свештенослужители од Скопската и Брегалничката Епархија, во храмот “Св. Лидија Македонка” во Свети Николе. На крајот од Светата Литургија беседеше Неговото Блаженство Архиепископот г. г. Стефан, а по завршувањето на Литургијата, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, го благослови и пресече празничниот леб. На многаја лета!!!

