Лазарева Сабота во манастирот “Св. вмч. Пантелејмон” – с. Пантелеј
На 08.04.2023 година, кога Светата Православна Црква го празнува денот на Св. Лазар четиридневниот – Лазарева Сабота, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во параклисот “Св. Нектариј Егински и Св. Серафим Саровски” при манастирот “Св. вмч. Пантелејмон” во с. Пантелеј – кочанско.

