Акатист на Пресвета Богородица во Штип
На 31.03.2023 година, Петок од Петтата Недела на Великиот Пост, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Мало Повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во Соборниот храм “Св. Николај” во Штип. На крајот од Малото Повечерие, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа содржајна беседа.

