Недела Петта на Великиот Пост (на Света Марија Египетска) во Виница
На 02.04.2023 година, Недела Петта на Великиот Пост (на Света Марија Египетска), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Св. Архангел Михаил” во Виница. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.

