Недела Трета на Великиот Пост (КРСТОПОКЛОНА) во Радовиш
На 19.03.2023 година, Недела Трета на Великиот Пост (КРСТОПОКЛОНА), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Св. пр. Илија” во Радовиш. Пред почетокот на Светата Литургија беше изнесен Светиот Крст и поставен на средината од храмот. На Светиот Крст најнапред се поклони Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а потоа свештенослужителите и многубројниот верен народ. На крајот од Светата Литургија, по благослов на Митрополитот г. Иларион, Архиерејскиот намесник на радовишкото архиерејско намесништво, протоереј-ставрофор Марјан Јанковиќ одржа содржајна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.

