Акатист на Пресвета Богородица во Македонска Каменица
На 17.03.2023 година, Петок од Третата Недела на Великиот Пост, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Мало Повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. На крајот од Малото Повечерие, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа содржајна беседа.

