
Недела Втора на Великиот Пост (на Свети Григориј Палама) во Кочани
На 12.03.2023 година, Недела Втора на Великиот Пост (на свети Григориј Палама), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Василиева Заупокоена Литургија, за покој на душата на новоупокоениот раб Божји пензионираниот протоереј Миладин Михаилов, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, во храмот “Св. вмч. Георгиј” во Кочани. Пред крајот на Светата Литургија, по благослов на Митрополитот г. Иларион, Архиерејскиот намесник на кочанското архиерејско намесништво, протоереј-ставрофор Станчо Ристов одржа содржајна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.
