Некролог
На 12.03.2023 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши опело над новоупокоениот раб Божји пензионираниот протоереј Миладин Михаилов од Кочани, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Св. вмч. Георгиј“ во Кочани. Протоерејот Миладин Михаилов е роден 04.11.1936 година од благочестиви родители во с. Бели, кочанско. Во 1961 година е ракоположен во свештенички чин од тогашниот Митрополит г.Наум и испратен на пракса во манастирот “Св. Архангел Михаил“ во Берово. Потоа е поставен за парохиски свештеник во Полаки, а од 1962 година за парохиски свештеник во с. Оризари. Во с. Оризари на празникот на светиот Атанасиј Велики е произведен во чин протоереј од Митрополитот г. Горазд. Од 1982 година е парохиски свештеник во градот Кочани се до 2001 година кога се пензионира. На 11.03.2023 година се упокои во Господа. Вечнаја памјат и царство небесно да му дарува семилостивиот Бог.

