
Во Првата Сабота од Великиот Пост (Тодорова Сабота) Света Архиерејска Литургија во Свети Николе
На 04.03.2023 година, Сабота од Првата Недела на Великиот пост (Тодорова Сабота), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и свештенослужители од Брегалничката епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен, во храмот “Св. Николај” во Свети Николе. Пред почетокот на Литургијата, дипломираниот теолог Сашо Стојчев од Свети Николе, беше произведен во чин ипоѓакон, а за време на Литургијата беше ракоположен во чин ѓакон. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, одржа содржајна беседа, верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова и беше благословено вареното коливо. На Многаја лета!
