
Недела Прва на Великиот Пост (на Православието) во нас. Сењак – Штип
На 05.03.2023 година, Недела Прва на Великиот Пост (на Православието), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, во храмот “Св. Климент Охридски” во нас. Сењак – Штип. За време на Литургијата, Митрополитот г. Иларион, во чин протоереј го произведе ерејот Никола Митевски од Штип. Пред крајот на Светата Литургија, по благослов на Митрополитот г. Иларион, новопроизведениот протоереј Никола Митевски одржа содржајна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова. Потоа беа изнесени Светите Икони на средината од храмот, Митрополитот г. Иларион отслужи молебен, по што многубројниот верен народ се поклони и ги целиваше Светите Икони.
