Недела Сиропусна – Прочка во Соборниот храм “Св. Николај” во Штип
На 26.02.2023 година, Недела Сиропусна – Прочка, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, во Соборниот храм “Св. Николај” во Штип. На крајот од Литургијата, по благослов од Митрополитот Брегалнички г. Иларион, протоереј-ставрофор Николче Ѓорѓев одржа содржајна беседа за значењето на постот, а потоа Митрополитот ја прочита молитвата за почеток на Великиот пост. По завршувањето на Светата Литургија, се отслужи и Великопосна Вечерна Богослужба. На крајот од вечерната богослужба, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа за простувањето и веднаш потоа се направи заедничко опростување, каде што најнапред Митрополитот побара прошка од своите духовни чеда, а потоа многубројниот верен народ пристапи, побара и доби, прошка од својот Надлежен Архиереј. На многаја лета! Благословени и Богоугодни пости.

