
Собрание на Епархискиот Управен Одбор
На 21.02.2023 година кога го чествуваме споменот на Св. Ап. Онисим, преп. Евсевиј, Павнутиј и Ефросонија, се одржа редовното собрание на Епархискиот Управен Одбор на кое претседаваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во присуство на членовите на Епархискиот Управен Одбор, а на истата беа усвоени завршната сметка на Епархијата за 2022 година, како и предлог буџетот на Епархијата за 2023 година. На седницата беа дискутирани повеќе тековни теми од црковниот живот во Брегалничката епархија.
