
Богојавление – Водици во Штип
На 19.01.2023 година, кога се прославува големиот христијански празник Богојавление – Водици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во Епархискиот Соборен храм “Св. Николај” во Штип. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион го причести верниот народ со Телото и Крвта Христова, а по благослов од Митрополитот, архиерејскиот намесник протоереј-ставрофор Николче Ѓорѓев одржа содржајна беседа. По завршувањето на Литургијата беше формирана литија до мостот кај детската градинка Астибо, каде Митрополитот г. Иларион изврши голем Богојавленски водосвет и го спушти Светиот Крст во водите на реката Брегалница. Најсреќен од многубројните момчиња кои влегоа во студените води да го извадат Светиот Крст беше момчето Никола Трајчев од Штип.
Бог се јави – Навистина се јави!
