
Прославен празникот на обрезание на Господ Исус Христос и Свети Василиј Велики на Пониква
На 14.01.2023 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на Обрезанието на Господ Исус Христос и на светиот Василиј Велики, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во манастирот ” Св. Василиј Велики” на Пониква – Осоговските Планини. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион ја прочита молитвата за благословување на новото 2023 лето Господово. По Литургијата Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб. Кумството за новото 2023 лето Господово го презедоа новите кумови г. Влатко Крстовски и г. Димче Марков. Честито и благословено новото 2023 лето Господово!
