
Прослава на Свети Климент Охридски во Скопје
На 08.12.2022 година, кога го прославуваме празникот на Свети Климент Охридски, заштитник на древната Охридска Архиепископија и Македонската Православна Црква, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј, Митрополитот г. Јосиф, Епископот Хераклејски г. Климент и свештенослужители на МПЦ – ОА, во Соборниот храм “Свети Климент Охридски” во Скопје. На крајот од Литургијата, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, го благословија и пресекоа празничниот леб. На Многаја Лета!!!
