Прослава на патронот на македонската православна црква, Свети Климент Охридски
На 07.12.2022 година, во навечерието на празникот на Свети Климент Охридски, патрон и заштитник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион чиноначалствуваше на Празничната Вечерна Богослужба во Соборниот Храм “Свети Климент Охридски” во Скопје, на која присуствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф и Епископот Хераклејски г. Климент. По Празничната Вечерна Богослужба, Митрополитот Брегалнички г. Иларион присуствуваше и на Свечената Академија во Музејот на Македонската борба во Скопје, по повод црковно – државниот празник, Денот на Свети Климент Охридски.

