Прослава по повод денот на општина Чешиново-Облешево и почеток на жнеењето на оризовите полиња
На 21 септември 2026 година, Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион присуствуваше на прославата по повод денот на општина Чешиново-Облешево и почетокот на жетвата на оризот во с. Чифлик, кочанско. Митрополитот г. Иларион, го благослови и пресече празничниот леб и изврши мал водосвет. На прославата присуствуваа Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г. Борче Серафимовски, градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, г. Јорданчо Костадинов и други видни личности. Нека е од Бога благословено!

