На празникот Рождество на Пресвета Богородица во Ново Село, Штип
На 21 септември 2025 година, кога Светата Православна Црква го празнува Рождеството на Пресвета Богородица – Мала Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Ново Село, Штип. На крајот од Литургијата Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа.

