На празникот на светиот пророк Илија, Илинден – Света Архиерејска Литургија во Радовиш
На 02 август 2026 година кога се прославува празникот на светиот пророк Илија, а воедно и големиот Македонски празник Илинден, Неговото Високопресвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Пр. Илија” во Радовиш. На крајот од Божествената Литургија со благослов од Митрополитот г. Иларион, архиерејскиот намесник на Радовишкото намесништво протоереј-ставрофор Марјан Јанковиќ го прочита Илинденското послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот г. Иларион отслужи Панихида за покој на душите на сите паднати борци и бранители на Република Македонија, потоа изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб. Честит и вековит Илинден!

