Прославен празникот на светата Параскева (Петка) Римјанка во Штип
На 08 август 2025 година, кога го прославуваме споменот на светата маченичка Параскева (Петка) Римјанка, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Климент и Св. Петка” во нас. Сењак – Штип. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

