Прославен празникот на светите првоапостоли Петар и Павле – Петровден во Кочани
На 12 јули 2026 година, кога Светата Православна Црква го прославува споменот на светите првоапостоли Петар и Павле – Петровден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа.

