Со Празничната Вечерна Богослужба започна чествувањето на Петровден, празникот на градот Кочани
На 11 јули 2025 година, во навечерието на празникот на Светите првоапостоли Петар и Павле – Петровден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани. На вечерната, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа пригодна беседа. По вечерната богослужба со иконата на светите апостоли Петар и Павле се изврши литија до градскиот плоштадот во Кочани, каде Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на Градоначалникот на Општина Кочани г. Венко Крстевски и многуброен верен народ, го благослови и пресече празничниот леб. Потоа Митрополитот г. Иларион изврши помен за покој на душите на настраданите во пожарот во Кочани и присуствуваше на Духовната Академија, по повод празникот на градот Кочани, која се одржа во дворот на храмот “Св. Вмч. Георгиј”.

