На празникот Рождество на св. Јован Крстител – Иванден, Света Архиерејска Литургија во Ново Село, Штип
На 07 јули 2026 година, кога се прославува Рождеството на св. Јован Крстител – Иванден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Штипското архиерејско намесништво, во храмот “Св. Вмч. Димитриј” во Ново Село, Штип. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа. А по завршувањето на Литургијата, Митрополитот г. Иларион отслужи Акатист кон Пресвета Богородица пред чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица. Пресвета Богородице спаси нас!

