Света Архиерејска Литургија во манастирот “Св. Наум Охридски” во Охрид
На 03 јули 2026 година, кога го празнуваме светиот Наум, Охридскиот Чудотворец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион сослужуваше на Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Надлежниот епархиски Архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, а сослужуваа и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, Архимандритот о. Нектариј и свештенослужители од Дебарско-кичевската епархија, во манастирот “Св. Наум Охридски” во Охрид. На крајот од Божествената Литургија Архиереите извршија мал водосвет и го благословија и пресекоа празничниот леб.

