Празнична вечерна во манастирот “Св. Наум Охридски” во Охрид
На 02 јули 2026 година, во навечерието на празникот на светиот Наум, Охридскиот Чудотворец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион на покана од Надлежниот епархиски Архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и во молитвено присуство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, отслужи Празнична вечерна богослужба во сослужение на Архимандритот о. Нектариј и свештенослужители од Дебарско-кичевската епархија, во манастирот “Св. Наум Охридски” во Охрид. На крајот од вечерната, Митрополитот го благослови петолебието и одржа пригодна беседа.

