Помен за 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Ангелариј
На 15 јуни 2026 година, св. Еразмо Охридски; Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и свештенослужители на МПЦ – ОА, отслужија помен за 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Ангелариј, во дворот на храмот “Св. вмч. Димитриј” во Скопје. На поменот присуствуваше и Претседателката на Р. Македонија г-ѓа Гордана Сиљановска Давкова, претставници на Владата, пратеници од Собранието на Р. Македонија и директорката на КОВЗРГ г-ѓа Оливера Трајковска. Вечнаја памјат и царство небесно да му дарува семилостивиот Бог.

