Недела 2-ра по Педесетница, Освет на нов храм
На 14 јуни 2026 година, Недела 2-ра по Педесетница, св. мч. Јустин Философ; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на новоизградениот храм посветен на “Св. пророк Илија” во с. Дедино, општина Конче, а потоа отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Радовишкото архиерејско намесништво. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа. Нека е честито и од Бога благословено!

