На 06 и 07 октомври 2026 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, со благослов од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а на покана од Надлежниот Архиереј, Митрополитот Старозагорски г. Кипријан, присуствуваше на свеченостите организирани од Старозагорската Митрополија по повод повеќе црковни годишнини, меѓу кои 50 годишнината од раѓањето на Митрополитот г. Кипријан, 30 годишнината од неговиот монашки потстриг и 10 години од интронизацијата како Митрополит на Старозагорската Митрополија. Митрополитот г. Иларион присуствуваше на вечерната богослужба, на духовната академија и сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговата Светост Патријархот Бугарски г.г. Даниил, а сослужуваа повеќе Архиереи на Помесните Православни Цркви.




















