На 09 октомври 2026 година, упок. на св. ап. и ев. Јован Богослов, преп. Нил Калабриски, а воедно и петгодишнина од осветувањето на храмот посветен на светата Лидија Македонска; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Лидија Македонска” во Свети Николе. На Литургијата присуствуваше и директорката на КОВЗ г-ѓа Оливера Трајковска. На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион во чин протоереј го произведе свештеникот Столе Тасев од Свети Николе. А на крајот од Божествената Литургија, Митрополитот одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.









































