На 26 Октомври 2026 година, кога се прославува споменот на светата вмч-чка Злата Мегленска, св. мч-ци Карп и Папила; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во параклисот “Св. Злата Мегленска” при женскиот манастир “Источен Петок – Балаклија”, Марена, с. Злетово, метох на Лесновскиот манастир. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион го благослови и прекрши празничниот леб.



















