На 26 октомври 2026 година, св. нмч-чка Злата Мегленска, св. мч-ци Карп и Папила; се одржа собрание на Епархискиот Управен Одбор на кое претседаваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во присуство на членовите на Епархискиот Управен Одбор. На собранието беа разгледани понудите за изградба на административна зграда – Митрополија на Брегалничката Православна епархија и едногласно беше одбрана најдобрата и најповолната понуда.






