На 01 ноември 2026 година, Недела 22-ра по Педесетница, преп. Прохор Пчињски, прен. мошт. на св. Јован Рилски; Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан, со Архиереите на МПЦ-ОА, изврши освет на камен темелник за изградба на митрополија на Брегалничката православна епархија во н. Пролет, Штип. Проектот за митрополијата го изработи фирмата “Студио Атриум” од Штип, а градежните работи ќе ги изврши фирмата “Жикол” од Струмица. Нека е честито и од Бога благословено!



















