На 03 ноември 2026 година кога го чествуваме споменот на преп. Иларион Мегленски, преп. Иларион Велики и преп. Филотеј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија во храмот посветен на “Св. Иларион Мегленски” и на “Св. Нектариј Егински” во нас. Железничка, Штип. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб. Од името на целото свештенство, ѓаконство, монашките братства и сестринства, како и од верниот народ и духовните чеда, на богодаруваниот ни Митрополит Брегалнички господин Иларион му го честитаме именденот со молитви кон Троединиот Бог да му дарува долгоденствие, телесно здравје и мудрост уште многу лета да раководи со од Бога доверената му епархија. На многаја и благаја лета Владико свети!








































