На 24 ноември 2026 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион присуствуваше и сослужуваше на заупокоената Литургија и опелото кои беа отслужени за покој на душата на блаженоупокоениот Митрополит Ловчански Гавриил, во катедралниот храм “Св. Кирил и Методиј” во градот Ловеч, Бугарија. Опелото го изврши Патријархот на Бугарската Православна Црква г.г. Даниил во сослужение на повеќе Архиереи од БПЦ и други Помесни Православни Цркви. Вечнаја памјат и царство небесно да му дарува Семилостивиот Бог.










