Слегување на Светиот Дух врз апостолите – Педесетница, Света Архиерејска Литургија во соборниот храм во Штип
На 31 мај 2026 година, кога Светата Православна Црква го прославува големиот христијански празник Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите – Педесетница; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во соборниот храм “Св. Николај” во Штип. На крајот од Божествената Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа. Веднаш по завршувањето на Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, отслужи и Вечерна богослужба, на која беа прочитани Духовденските молитви.

