Слегување на Светиот Дух – Св. Троица, храмова слава во Радовиш
На 01 јуни 2026 година, Слегување на Светиот Дух – Св. Троица; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, во храмот “Св. Троица” во Радовиш. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, а потоа го благослови и пресече празничниот леб.

