Недела 6-та на Воскресение (Недела на Слепиот), освет на нов параклис во Кочани
На 17 мај 2026 година, Недела 6-та на Воскресение (Недела на Слепиот), св. мч-чка Пелагија Тарсиска; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на новоизградениот параклис посветен на “Светиот великомаченик Димитриј” во Кочани, а потоа отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Кочанското архиерејско намесништво. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа. Нека е честито и од Бога благословено. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

