Света Архиерејска Литургија во с. Ѓуриште, светиниколско
На 15 мај 2026 година, пренос на моштите на свети Атанасиј Велики, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Штипското архиерејско намесништво, во манастирот “Рождество на Пресвета Богородица” во с. Ѓуриште, светиниколско. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб, а Црковното настојателство на манастирот со старешината протоереј-ставрофор Киро Давчев, во знак на благодарност кон својот Надлежен Архиереј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, му подарија Медаљон Ѓуриште од 14-ти век. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

