Недела 5-та на Воскресение (на Самарјанката), Света Архиерејска Литургија во Виница
На 10 мај 2026 година, Недела 5-та на Воскресение (на Самарјанката), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Виничкото архиерејско намесништво, во храмот “Св. ап. и ев. Лука” во Виница. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!

