Празнична вечерна богослужба во с. Оризари
На 14 мај 2025 година, во навечерието на празникот пренос на моштите на свети Атанасиј Велики, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, во храмот “Св. Атанасиј Велики” во с. Оризари, кочанско. На крајот од Вечерната, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа пригодна беседа. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

