Велики Четврток – читање на 12-те Страдални Евангелија и изнесување на Распетието
На 09 април 2026 година, Велики Четврток – вечерта, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Утрена богослужба со читање на 12-те Страдални Евангелија и изнесување на Распетието, во сослужение на свештенослужители од Штипското архиерејско намесништво, во соборниот храм “Свети Николај” во Штип.

