Велика Среда Света Архиерејска Литургија на Претходноосветени дарови во Штип
На 08 април 2026 година, Велика Среда, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Божествена Литургија на Претходноосветени дарови во сослужение на свештенослужители од Штипското Архиерејско Намесништво, во Соборниот храм “Свети Николај” во Штип. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа.

