Благовештение – Благовец, Света Архиерејска Литургија во Ново Село – Штип
На 07 април 2026 година, кога го празнуваме празникот Благовештение – Благовец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Штипското архиерејско намесништво, во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Ново Село – Штип. За време на Божествената Литургија протоерејот Добрица Јанев од Штип беше произведен во чин протоереј-ставрофор, односно со право на носење на Граден Крст, по одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а по предлог на надлежниот Архиереј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.

