Света Архиерејска Литургија во женскиот манастир Св. Вмч. Пантелејмон
На 21 март 2026 година, сабота од четвртата недела на Великиот пост, св. Теофилакт Никомидиски, св. свешт-мч. Теодорит; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, во параклисот посветен на “Светите Серафим Саровски и Нектариј Егински” при женскиот манастир “Св. Вмч. Пантелејмон” во с. Пантелеј – Кочанско. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и изврши општ помен за покој на душите на сите упокоени.

