Акатист на Пресвета Богородица во Виница
На 20 март 2026 година, Петок од Четвртата Недела на Великиот Пост, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Мало Повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, во сослужение на свештенослужители од Виница, во храмот “Св. Ап. и Ев. Лука” во Виница. На крајот од Малото Повечерие, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа пригодна беседа.

