Недела Трета на Великиот пост (Крстопоклона), Архиерејска Литургија во Радовиш
На 15 март 2026 година, Недела Трета на Великиот Пост (КРСТОПОКЛОНА), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија, во сослужение на свештенослужители од Радовишкото Архиерејско намесништво, во храмот “Св. пр. Илија” во Радовиш. Пред почетокот на Светата Литургија беше изнесен Светиот Крст и поставен на средината од храмот. На Светиот Крст најнапред се поклони Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а потоа свештенослужителите и многубројниот верен народ. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа.

