Света Архиерејска Заупокоена Литургија и Парастос во Кочани
На 14 март 2026 година, во третата сабота од Великиот пост и годишнина од страшната трагедија во Кочани, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во молитвено присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, отслужи Света Архиерејска Заупокоена Литургија, во сослужение на свештенослужители на МПЦ-ОА, во храмот “Св. Вмч. Георгиј” во Кочани. По завршувањето на Литургијата, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи парастос за покој на сите починати во трагедијата во Кочани, во сослужение на надлежниот Архиереј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужители на МПЦ-ОА. Боговдахновена и утешителна беседа одржа Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан. Нека им е блажен и вечен споменот и семилостивиот Бог да им дарува царство небесно. Вечнаја памјат.

